Hristina Ivanoska

MK
Hristina Ivanoska

Христина Иваноска (1974) е докторски кандидат на Академијата за ликовни уметности Виена. Работи интердисциплинарно истражувајќи општествени и политички системи и нивниот однос со теоријата и историјата. Изложувала во Кунстхаус (Грац), МНАЦ (Букурешт), Државниот музеј на современа уметност (Солун), МСУ (Скопје), Словачката национална галерија (Братислава), Ново друштво за ликовна уметност (Берлин), <ротор> (Грац), Констхал Ц (Стокхолм), Магазин4 (Брегенз), МСУ (Белград) и други. Најзините дела се дел од збирките на Дојчебанк и Арт телеком, Ван Абе музејот, МСУ Скопје и други. Иваноска и Чаловски се основачи на Прес ту егзит во Скопје. Тие беа претставници на Павилјонот на Република Македонија на 56. Венециско биенале, 2015.