Anastasija Velichovska

MK
Anastasija Velichovska

Анастасија Величковска, родена на 1992. во Скопје е дипломиран графичар и сценограф на „Факултетот заликовни уметности “. Во февруари 2015. Анастасија направи својата прва самостојна излжба во галерија „ФЛУ” насловена „Социјално дисторзирана убавина”. Во месец јули и август истата поставка стана патувачка изложба низ Европа посетувајќи алтернативни културни центри. Нејзиниот креативен опус се карактеризира преку силната женска убавина која од друга страна создава длабока критика према мас медиумите, конвенционалноста и магазините.

Со неколку дела од овој серијал на графики, Анастасија се претстави на XI Биенале на млади уметници во Скопје, 2015. Таа е дел од колективот Кула, каде се има претставено со повеќе од 5 групни изложби, работилници, видео проекции и хуманитарни акции. Анастасија е дел и од тимот на мултимедијалниот фестивал „Под земја полесно се дише” , кој три години по ред се одржува во Скопје.