Socially distorted beauty

Креативниот опус е карактеризиран преку силната женска убавина која од друга страна создава длабока критика према мас медиумите, конвенционалноста и магазините, користејки ги традиционалните графички техники како медиум. Се започна со потребата да се создаде уметничко дело од нешто стварно, веќе постоечко, кое ќе биде исфилтрирано низ моите сфаќања и размислувања за истото. Истражував да ги спознаам факторите кои ја создадоа оваа социјално – дисторзирана убавина. Факторите кои ја променија дефиницијата дека искуството на „убавина“ често инволвира интерпретација на некое битие. Кога станавме робови на апсолутното совршенство кое има цел да не одалечи од вистинските потреби, труејќи не со екстремни критериуми притоа правејќи го духовното небитно?!