Naming the bridge: Rosa Plaveva and Nakie Bajram

Овој истражувачки проект зборува за искуството на Христина Иваноска со локалните власти во Скопје по поднесувањето на нејзиниот предлогот за именување на новиот мост со имиња на две жени, Роса Плавева и Накие Бајрам активни учеснички во процесите на еманципација на жените во Македонија во првата половина на 20-от век. Оваа иницијатива беше предизвикана од недостатокот на чувство за еднаква родова застапеност од страна на носителите на одлуки како и сè по забележителната поделба на градот на различни етнички и религиски заедници.

Во воведниот текст за премиерното претставување на ова дело изложено како три-канална видео проекција во Фондацијата за уметност на жените во Лондон (јуни 2006), кураторката на проектот и теоретичарка Сузана Милевска напиша: „Проектот претставува редок пример на лична иницијатива кој се осврнува на прашањата за превезот со чувство не оптеретено со конфликтите од минатото; обид да изгради мост меѓу различните гледања кон превезот во конфликни интелектуални и културни средини“. Во 2008 година со документацијата од проектот Иваноска создаде магазин кој е мултифункционален бидејќи неговата содржина може да се реорганизира, во кој постои простор за впишување на лични забелешки, а и секоја од страниците може да биде употребена како постер кој може да се постави на различни локации.