Am I enough art for you?

Идејата за овој перформанс се фокусира на мајчинстовото (само на мајката, не и на детето) и репродуктивните права и произлегува од постојаното бомбардиеање, од страна на сите мејнстрим медиуми, со слики или прокеции за мајчинството и што тоа значи за жената (или за трансџендер жените) во длабоко пратријархалното македонско општество. Во кој момент мајчинството е одземено од жената и дадено на државата како сопственост или уште полошо, сопственост на политичката партија? (Владината кампања за зголемување на наталитетот и против правото на избор директно пенетрира во женското тело, кое се цени според својата способност да продуцира нови гласачи за партијата). Концептот се состои во тоа што овој перформанс, нема да има своја конкретна рамка, затоа што, во некои делови ќе зависи директно од реакцијата на публиката па оттаму, заедно да се развива во зависност од интеракцијата помеѓу публиката и изведувачот. Првиот контакт кој би го имале совој перформанс, би бил со една кутија сместена на некој јавен плоштад и било кој друг јавен простор каде што има голема фреквенција на луѓе. Тоа е дноставна црна кутија каде што „Внатре има театар/жена“ (ова би било испишано на кутијата). Кога ќе ѕирнеме внатре, би можеле да видиме наизглед доста жива скулптура на женски репродуктивен орган за време на менструален циклус. Рекациите на публиката би биле снимени (со мала скриена камера во внатрешноста на кутијата) и со тоа тие ќе станат активни учесници (со своите реакции) во вториот дел од перформансот.

Идејата е да се „фатат“ првите нерационални инстиктивни реакции на овој природен процес. Подоцна, во просторот каде што че се случува перформансот, кога публиката ќе пристигнува на влезот, би требало да ги пречекува една гола жена со дамки од крв помеѓу нејзините нозе, со кутија на главата (наместо глава), каде што ќе биде испишано пршањето „Дали сум доволно уметсност за тебе?“