Gjogji Janevski

MK
Gjogji Janevski

Ѓорѓи Јаневски е слободен филмски и медиумски работник, одговорен уредник во радиото Канал 103, каде што продуцира неделни концертни сесии во живо со македонски и странски бендови. Исто така, работи како музички промотер / продуцент и културен менаџер на локалната независна сцена. Во 2010 го напиша и режира документарниот филм „Ако никој не свири“, прикажан на повеќе независни филмски фестивали во Европа. Во 2014 година ја продуцира “Некои девојки“ – прва македонска компилација на женски артисти. Тој е дел од тимот што работи на проектот ре:волт.